По кратко боледување, на 56-годишна возраст почина Игор Старовиќ, фронтменот на групата ,,Дивљи кестен”.
Популарниот музичар и композитор пред само четири дена се огласил на социјалните мрежи со емотивна порака.
„Само да не те сакам“ е стихот кој го споделил.
Игор со бендот „Дивљи кестен“ сними пет албуми од кои се и хитовите „Сузе кријем, саме теку“, „Ти си моја музика“ и „Кристина“.
„Добар човеку, засекогаш ќе живееш во нашите срца“, е една од бројните посвети со кои роднините и пријателите се простија од него.
Нека почива во мир!
Фото: Ред ТВ
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО