Д-р Дебора Ли, експерт за спиење од „Гет Леид Бедс“, предупредува за штетноста од пиење кафе веднаш откако ќе се разбудиме.
Таа појаснува дека кофеинот делува така што ги блокира рецепторите на аденозин, одговорни за чувството на поспаност во вашиот мозок, па затоа се чувствуваме поживи и побудни. Но, блокирањето на овие рецептори веднаш штом ќе станеме од кревет воопшто не е добра идеја.
„Зголеменото ниво на кортизол може да влијае на вашиот имунолошки систем, а ако тие се веќе на својот врв кога ќе се разбудите, пиењето кафе веднаш штом ќе ги отворите очите може да направи повеќе штета отколку добро“, вели таа.
Според неа, најдобро време за консумирање кафе е кога нивото на вашата енергија почнува да опаѓа во средината на утрото, бидејќи тогаш ќе ги почувствувате најголемите придобивки.
Нивото на кортизол почнува да се зголемува веднаш штом ќе станете и ќе почнете да се движите, па затоа не е идеално време да пиете кафе. Ниту попладнето, бидејќи вечерта не ќе можете да заспиете. Ова значи дека луѓето што се будат во 6 часот и 30 минути треба да се напијат кафе откако ќе намали нивото на кортизол-помеѓу 9 часот и 30 минути и 11 часот и 30 минути, доколку сакаат да го искористат кофеинот.
Едноставно кажано, средината на утрото или раното попладне е најдобриот период за кафе. Тогаш нивоата на кортизол се најниски и ќе имате корист од самиот стимуланс.