Тажен ден во домот на докажаниот македонски музичар Горан Алачки.
Почина неговата мајка за која беше особено приврзан.
„Почина мојата мајка Натка Алачка. Погребот е утре, недела, во 13.30 часот на градските гробишта во Радовиш“, напиша тој на „Фејсбук“.
Токму на социјалните мрежи често споделуваше фотографии со неа.
Последната слика со неа ја објави во април годинава под која напиша „Секоја брчка, една приказна“.
Фото: Фејсбук