fbpx

Вистината за Сузана: Сопругот Роберт крвнички ја заклал, шокантни детали откри истрагата

На Градските гробишта во Кикинда денеска ќе биде погребана 41-годишната Сузана М. која до смрт ја избоде сопругот Роберт М. (39).

„Со голема болка и тага ги известуваме сите роднини, пријатели и познаници дека нашата сакана почина на 18 јуни на 41 година. Погребот ќе се изврши на 21 јуни во 13 часот на Градските гробишта во Кикинда“, напишано е на некрологот.

Осомничениот е сослушан во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин. Веќе се земени и првите изјави на сведоците, односно соседите, семејството и блиските луѓе на убиецот и жртвата.

„Според неофицијални информации, тој ја масакрирал, а потоа го однел телото в када. Куќата била цела облеана во крв. Според мештаните кои сведочеле, тој излегол од неа во раните утрински часови. Бил без кошула и облеан во крв, но набрзо се вратил во куќата. Соседите велат дека слушнале тепачка во куќата, како и дека Сузана прво побегнала кај соседот, но се вратила дома, а потоа ѝ пресудил. До пред некој ден бил во затвор во Австрија поради дрога, а сега во куќата му пронашле наркотици. Бил познат насилник, и претходно ја малтретирал, но таа не се откажувала од него, дополнително работела, му праќала пакети во затвор, го посетувала“, велат тие.

Роберт се сомничи дека со остар предмет ја убил својата четириесет и едногодишна невенчана сопруга, а при претресот во неговиот стан полицијата пронашла автоматска пушка, четири рамки и два куршуми, како и растителна материја за која се сомничени дека е марихуана.

При апсењето наводно со нож им се заканувал и на полицајците. Одредена му е мерка притвор од 48 часа.

Следни Објави

Стефан со нови детали за состојбата на Кико: Да се молиме сите заедно!

Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба, открива предмалку македонскиот јутјубер Стефан Лазаров. „Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел, сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се’ како што треба“, пишува тој. „Разговарав со семејството и сите сме […]