Тажна вест утрово се прошири на социјалните мрежи, уште еден живот прерано згасна
Почина Џеваир Јакупи, омилен скопски лик и еден од најпознатите бербери во градот.
Популарниот Џеки имаше само 38 години. Позади себе остави сопруга и три малолетни ќерки, а засега не е позната причината за смртта.
Јакупи се грижеше за изгледот на многу познати Македонци од политичката, спортската и од естрадната сцена.
Еден од неговите редовни муштерии беше и нашиот најпознат кошаркар Перо Антиќ.
Актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на „Инстаграм“ објави и нивна заедничка фотографија.
„Почивај во мир, ќе ни недостигаш“, напиша Антиќ.
Фото: Инстаграм