fbpx

Прва исповед на Перо Антиќ за Цеца: Сподели неочекувана вест

Секти измислуваат приказни за евтини кликови на интернет. Ова им го порача Перо Антиќ на оние кои веќе со месеци шпекулираат за неговата наводна врска со балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Тој конечно се огласи на оваа тема за порталот „ММС“.

Сподели неочекувана вест, а тоа е дека по разидувањето со топ-моделот Катарина Ивановска, сепак, повторно љуби.

„Јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за евтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла-казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе“, коментира Антиќ за ММС.

Вели дека интимен живот не споделува.

„Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче“, вели тој.

Следни Објави

Ова е осомничениот Драган: Поради неговата терапија девојка му почина

Драган М. (40) кој неготинската полиција го уапси поради сомнение дека сторил кривично дело овозможување конзумирање наркотични дроги, пред обвинителот негирал дека на Сандра К. (32) ѝ дал дел од метадонската терапија, поради која таа починала. Осомничениот е повеќекратен осуденик, а според неофицијални информации бил осолободен од притвор непосредно пред […]