fbpx

Ја знаете сите: Перо Антиќ има нова девојка, не се кријат повеќе

И двајцата имаат еден брак позади себе

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ има нова девојка.

По разделбата со нашата позната манекенка со интернационална кариера Катарина Ивановска, медиумите го поврзуваа Антиќ и со српската фолкерка Цеца Ражњатовиќ, но, ако судиме по објавите на „Инстаграм“, повеќе нема дилема дека повторно љуби македонско девојче.

Станува збор за Сања Ристиќ, добро познато лице на јавноста.

Се прослави уште како дете кога во 1994 година ја сними нумерата „Ех тој Тоше“ која ја отпеа на фестивалот „Златно славејче“. Денеска е успешен претприемач и инфлуенсерка.

Во ноември минатата година Ристиќ во еден поткаст потврди дека се разведува со ракометарот Дејан Пецаковски.

„Мојата разделба со мојот сопруг Дејан беше апсолутно мирна каде една од причините што не постои е неверство. За себе тврдам, за Дејан исто така можам да тврдам, затоа што е сосема друга причината поради која ние сме се разделиле“, изјави таа во интервјуто за „Жешко столче“. Двојката има два сина.

И Антиќ има еден брак позади себе, откако во 2019 година по 13 години заедница се разведе од Ружица Максимовска, основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, со која има три сина.

Следни Објави

Прва слика со принцот: Александар од „Ѕвездите на Гранд“ го покажа синот

Александар Темелков, 23-годишниот пејач од Велес кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, објави фотографија со синот. Младиот музичар со колаж фотографии ѝ го честита 13-от роденден на својата сестра, а на неколку од нив е во друштво на својот наследник. „Јас и мојата сопруга Сара станавме родители, ни […]