fbpx

Перо се степал со бившиот на бившата? Кошаркарот проговори за спорната ноќ

Перо Антиќ се огласи по пишувањата дека се степал во познат скопски ноќен клуб со бившиот партнер на неговата сеге веќе бивша девојка, топ-моделот Катарина Ивановска.

Антиќ, кој сега има и јавна функција, е згрозен од пишувањата на некои новинари и, како што вели, не сака малолетни деца да го читаат и да го спојуваат со секти.

За порталот ММС тој негира дека имало тепачка и дека тоа може да се провери преку безбедносните камери.

„Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани. Ниту ме избркал некој од клуб, ниту ќе може да ме избрка. Тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веќе никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот. Не сакам да ме поврзуваат со тие две личности, воопшто не ме интересираат, јас си имам доволно свои обврски. А за тепачка? Мислам дека сме многу стари за такво нешто“, вели Антиќ за ММС.

Следни Објави

Еве кои граѓани може да очекуваат исплата во првата половина на ноември

Конечно убави вести! На два хороскопски знаци во првата половина на ноември ќе им легне фина сум на нивните сметки, барем така тврдат астролозите. ДЕВИЦА Вашата комуникативност ќе ве доведе до нови пријателства кои значат и нови потенцијални деловни соработки. До средината на ноември можете да се надевате на неочекуван […]