Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село.
Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура. Одевме од село во село и ме запознаваше со сите што би можеле да ни се приклучат на нашата нова идеја и концепт.
Успеавме да направиме организација и тим што е пример за другарство, грижа за секој, добри дела и голема љубов и локален патриотизам за развој и напредок како никогаш.
Педо работеше и живееше за оваа идеја со неговото срце што денес за жал застана засекогаш. Сите ние ќе го паметиме и ќе се навраќаме на моментите.
Нека почива во спокој, нека му е светол патот и вечна славата!
Фејсбук-статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“