Ќе ви пукне срцето.. Дај Боже да е извлечено живо и здраво!
Снимки со вознемирувачка содржина постојано се споделуваат на социјалните мрежи откако утрово Турција се разбуди во шок по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер што го погоди југоисточниот дел на земјата и северна Сирија.
Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а се верува дека стотици сè уште се заробени под урнатините и се очекува бројот на жртвите да расте.
Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините во градовите и населбите низ целата област.
На една од последните снимки објавени на „Твитер“ се гледа детенце кое плаче и моли за помош.
На видеото јасно се гледа дека е заглавено во урнатините на првиот кат од куќата и практично виси наопаку од ѕидот.