fbpx

Вонредна прогноза! Ќе биде уште потопло, Славчо најавува рекордни температури

Славчо напоменува дека на сонце максималните температури на воздухот ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени

Опасниот топлотен Африкански бран во Македонија и во регионот ќе се задржи најмалку уште дестина дена и ќе донесе уште повисоки температури на воздухот, како и екстремно висок Ув индекс со вредност (10), најавува Славчо Попоски.

Времето и понатаму ќе биде претежно сончево и стабилно без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, ветерот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите и во текот на следната седмица во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, додека понекаде и тоа особено во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат и 40 степени. 

Барем според сегашните достапни метео анализи, не се исклучува можноста кон крајот на следната седмица температурите во најтоплите предели од Македонија да надминат и 45 степени, односно можно е да имаме рекордни температури дури до 46, 47 степени.

Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени во текот на следната седмица.

Минималните температури во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија во текот на следните ноќи нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека очекуваме „Троспки ноќи“.

Славчо напоменува дека горенаведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде дури до околу 60 степени.

Следни Објави

Борете се за вашето дете! Ова се најважните совети од родителите на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ од дете најголемата поддршка ја добива од родителите Срѓан и Дијана. Ова се нивните најважни СОВЕТИ кон кои би требало да се придржува секој родител кој сака своето дете да го изведе на вистинскиот пат. Имајте реални очекувања од своето дете Една од најчестите грешки кои ги прави […]