fbpx

Потресно! Фудбалер под урнатините плаче ко дете: Не е сам, спасувачите се пробиваат.. (ВИДЕО)

Кристијан Атсу, репрезентативец на Гана и поранешен играч на Порто и Њукасл, е пронајден жив по извештаите дека бил „заробен“ и исчезнат во урнатините по разорниот земјотрес, пишува „Дејли мирор“.

Португалскиот весник „А Бола“ објави дека Атсу бил извлечен од урнатините и пренесен во болница поради повреда на десното стапало и отежнато дишење.

Новинарот од Гана, Садик Адамс, неколкупати се огласи на „Твитер“.

„Ми кажаа дека Кристијан Атсу се наоѓа на деветтиот кат од зградата која се урна со уште девет играчи и двајца судии. Тројца играчи и еден судија се спасени. Претставниците на клубот се на лице место и потрагата продолжува. Нашиот брат ќе биде добро. Ако Бог даде. Ајде да веруваме“, беше еден од неговите последни твитови.

Снимки со вознемирувачка содржина постојано се споделуваат на социјалните мрежи откако утрово Турција се разбуди во шок по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер што го погоди југоисточниот дел на земјата и северна Сирија.

Според последните податоци, во разорниот земјотрес загинале над 3.600 луѓе, а Светската здравствена организација предупредува дека бројот на жртви може да биде осум пати поголем, додека спасувачите се обидуваат да стигнат до затрупаните под урнатините.

„Секогаш истото се случува кога станува збор за земјотреси. За жал, првичниот број на загинати или повредени значително ќе се зголеми во следните недели“, изјави за АФП високиот претставник на СЗО за Европа, Кети Смолвуд.

Следни Објави

Македонската естрада тагува, колегите се простуваат: Почина познатиот македонски музичар

Тажна вест вечерва се споделува на социјалните мрежи. На 61-годишна возраст почина Милан Завков, маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни. „Збогум за уште една наша легенда! Ќе живееш вечно преку тоа што го остави на Македонија -твојата музика. Почивај во мир Маестро“, напиша […]