Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Емил Илиќ, мaкедонски каратист, но и голем хуманист.
На Македонија ѝ донесе многу победи, ја претставуваше нашата земја достоинствено ширум светот и беше добитник на бројни награди и признанија.
Во 2016-та година познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.
Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.
Беше познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО. Во Рим, пак, оствари средба со Папата Франциск.
Слава му!