„Знае да готви, прилично е згоден“
Урнебесен оглас на жена која си го дала сопругот „на посвојување“ деновиве стана вирален.
Проблемот настанал кога му купила кученце, германски овчар, во обид да го изненади и израдува. Меѓутоа, се испоставило дека тој е алергичен, па таа го направила единствениот логичен избор-го понудила на други жени.
Во Индија се појави необичен оглас со наслов: „Итно ми треба дом“. Во пораката се наведува дека жената по име Сонали купила германски овчар за околу 350 евра, но потоа решила да се откаже од сопругот бидејќи е алергичен на кучиња. Пријател на Сонали го објави како шега.
„Ако некој е заинтересиран, ова е Лео, двомесечен германски овчар. Мојата пријателка Сонали го купи за 20.000 рупии. Сакала да биде подарок изненадување за нејзиниот сопруг. Но, дознала дека Гурав е алергичен на кучиња. Сонали сега бара нов дом за него. Ако некој е заинтересиран, Гурав има 29 години, вози велосипед, знае да готви, има остри црти на лицето и е прилично згоден“, пишува во огласот.
Со огласот е објавена фотографија од кученцето, но не и од несреќниот Гурав.
Илустрација: Шатерсток