fbpx

Трагедија во „Ѕвездите на Гранд“: Ѝ почина детето, а сега се соочи со нова загуба

Проштални зборови од кои ќе ви пукне срцето

Поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранда“, Билјана Сулимановиќ, поминува низ тежок и тажен период. Пејачката им откри на фановите дека починала нејзината баба за која била исклучително приврзана.

Скршена од болка, таа со емотивни зборови се прости од неа.

„Те сакам и ќе те сакам се’ додека чука ова срце мое. Ти благодарам што направи ваков човек од мене. Ти си заслужна за сета љубов што јас и моите браќа и сестри ја чувствуваме еден кон друг. Не научи да бидеме луѓе, да споделуваме безусловна љубов со сите, дури и со нашите непријатели. Ти благодарам за се’. Многу ми недостигаш, се гледаме на тоа прекрасно место каде што си со Бога и покрај твојот син каде што сега си среќна. Почивај во мир, моја убава бабо. Амин“, напиша Биба.

Претходната година беше една од најтешките за Билјана, откако го загуби бебето во четвртиот месец од бременоста, а на прагот на 2023 година си ја отвори душата и се наврати на лошите работи што ѝ се случија.

„Не би посакал никој на овој свет да го доживее тоа, да го загуби своето дете. Би сакала оваа година да станам мајка, но најважно ми е да останеме сите здрави. Домот ни е потопол откако си имаме кученце“, изјави пејачката.

Следни Објави

Дојде во болница збунета и почина: Шок по смртта на 25-годишната Гаја

Девојка од Велика Британија починала минатото лето по ненадејна главоболка, а последното нешто што им го кажала на лекарите е „погрешив“, пишува „Сан“. Чудно е и тоа што ќерката на британскиот лорд Мајкл Јанг водела многу здрав живот, паведнаш била покрената истрага за нејзината мистериозна смрт. Гаја Јанг (25) го […]