Во 88. година од животот, во Охрид, почина ликовниот уметник и педагог Ѓоко Целески, јави порталот „Охрид1“.
Учествувал на бројни самостојни и групни изложби, како и на ликовни колонии во Македонија (Кнежино), Албанија и Бугарија. Застапен е во книгата „Сликарството во Охрид во 20 век“ од Јорданка Матова, како претставник на втората генерација ликовни уметници.
Целески е основач на најстарата ликовна колонија кај нас, „Дебрца“, во селото Белчишта, воедно, и со најбогат фонд од над 700 уметнички дела. Ја чувствуваше како своја рожба, како свое чедо. Нагласуваше дека ја негува, колку и своите деца и внуци.
Зад Ликовната колонија „Дебрца“ стои создателство од платна на великани во ликовната уметност, од постарата, но и помладата генерација.