fbpx

Страшно! Конечно откриена вистината за убиецот на младата тиктокерка

Тиктокерката Ноа Миливојев (18) е убиена на свиреп и ужасен начин, откако монструмот ја распарчи и ѝ ги спакува деловите од телото во кутии и торби.

Нејзиното тело е изобличено до непрепознатливост, а за ова монструозно злосторство е осомничен 33-годишен маж кој наводно делото го извршил во стан во строгиот центар на Белград.

Осомничениот денеска беше на распит во Вишото јавно обвинителство, а негов пријател не ја крие шокираноста од ваквата вест и открива дека осомничениот делувал повлечено откако доживеал сообраќајна несреќа, поради која и ден денес носи патерици.

„Тој е од мало гратче во близина на Белград. Имаше сообраќајна несреќа во средно училиште и оттогаш се движи со патерици. Беше многу повлечен, ретко се дружеше со нас, воопшто не излегуваше. Користеше многу наркотици, се’ и сешто, а беше и на лекови. Секогаш флертуваше и беше со девојки многу помлади од себе“, раскажува пријателот.

Тој открива дека подоцна осомничениот се преселил во центарот на градот и почнал да работи со компјутери.

„Го познавам и неговото семејство, сите се супер и со сите беше во одлични односи. Неговиот постар брат работи во војска. Луѓе на место. Многу го поремети сообраќајката, кога падна од тракторот во шумата, но одамна не сме во контакт, а слушнав дека во меѓувреме завршил и во психијатриска болница“, вели тој за „Телеграф“.

Инаку, осомничениот се товари за кривично дело-тешко убиство, за кое е предвидена доживотна казна затвор.

Следни Објави

Сите ѝ ја бендисаа кратката коса, ама Лила се одлучи за драстична промена (ФОТО)

Лила Филиповска годинава ја симна периката и во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка. Јавноста беше воодушевена од нејзината природна кратка коса, а многумина ѝ порачаа дека оваа фризура ѝ „стои“ многу подобро. Познатата водителка и инфлуенсерка сега повторно се одлучи за […]