На 30-годишна возраст почина поранешниот фудбалер на Сараево и Тузла, Нермин Црнкиќ.
Црнкиќ имал одредени здравствени проблеми, поради што неодамна бил хоспитализиран.
По неколку дена во болница, состојбата му се подобрила и бил пуштен дома. Меѓутоа, одеднаш состојбата му се влошила и починал.
Го пронашле без знаци на живот, во неговиот стан во Соединетите Американски Држави каде што живеел.
Се шпекулира дека имал проблеми со срцето.
Црнкиќ играше во САД за Мичиген Бакс, а потоа се испроба и во Европа. Настапуваше за Јаблонец, Слован од Братислава, Сараево, Ерфурт, Тузла.
Во Премиер лигата на Босна и Херцеговина забележа 95 настапи и забележа 20 гола и 12 асистенции.