Трагична вест пристигна од Соединетите Американски Држави
Почина 15-годишниот американски фудбалер Елајџа Џеј Маријано Ривера. Во вторникот се онесвестил на тренинг, а по укажаната прва помош бил пренесен во болница каде починал.
Сето тоа се случило во Конектикат во ординацијата на средното училиште Виндзор, а училиштето вели дека тој не правел никакви контактни вежби во моментот кога колабирал. На крајот лекарите не успеале да го спасат.
Мајката на починатото момче, Чесити Хернандез, изјавила дека нејзиниот син обожавал спорт и автомобили, а неговиот сон бил да се запише на колеџ, а потоа да игра за неговиот омилен НФЛ тим, Атланта Фалконс.
„Тој беше момче со нежно срце, нежен џин“, вели мајката на момчето родено во 2007 година во Тексас.