Поранешниот играч на „Манчестер Сити“, Ријад Марез, е итно хоспитализиран и се бори за живот, пренесуваат светските медиуми.
Познатиот алжирски фудбалер се затрул со храна на ручек во Саудиска Арабија.
Според првичните информации, неговата состојба е сериозна. Наводно се работи за бактерија на желудникот, а на социјалните мрежи се појави и фотографија на која се гледа дека ѕвездата е на кислородна поддршка.
🚨🚨🚨وسائل اعلام سعودية
— El Capitano⭐ (@spuerlilo) September 15, 2023
📌اصابة #رياض_محرز بتسمم غذائي بعد تناوله وجبة باحد المطاعم المعروفة في جدة و نقله الى المستشفى
📌رياض سيغيب عن مباراة فريقه الاهلي امام التعاون pic.twitter.com/N6M3s6sOfS
Марез неодамна потпиша за „Ал Ахли“, каде пристигна од клубот „Манчестер Сити“ со кој претходната сезона ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот.