Обид за киднапирање во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, Штипско повторно ја вознемири македонската јавност, се’ уште опоравувајќи се од двојното убиство кое го згрози цел Балкан.
Настанот за локалната телевизија Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова, но и тамошниот градоначалник Виктор Паунов.
Иако, првичните информации говореа дека се рработи за обид за киднапирање на две деца, во официјалното соопштение на СВР Штип е наведено дека се работи само за едно девојче.
– Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот – наведено е во соопштението на СВР Штип.