fbpx

Први зборови на таткото на Вања: Еве што кажал

Во обвинителството заврши распитот на Александар Ѓорчевски, таткото на 14-годишната Вања.

Тој е осомничен за убиството на своето чедо, дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата што му се ставаат на товар, односно дека тој индиректно им помагал на киднаперите и убијците на неговата ќерка.

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски известија дека двајца од приведените во исказите кажале дека информациите за тоа кога убиената Вања Ѓорчевска ќе излезе сама од дома ги добиле од организаторот Љупчо Палевски-Палчо, кој, пак, им кажал дека ги добил од таткото.

Министерот и обвинителот вчера уверуваа дека сите тврдења во исказите на приведените се потврдени со материјални докази.

Следни Објави

Неочекувани сознанија за Манев, осомничен за убиствата на Вања и Панче

На гробиштата „Раштани“ денеска е погребан 74-годишниот Панче Жежовски. Последна почит му оддадоа роднини, пријатели, познаници. Додека во сите медиуми главна вест е 14-годишната Вања Ѓорчевска, малку се зборува за втората жртва, некогашниот фризер од Велес кој е најверојатно ликвидиран од истото оружје со кое е убиена малата Вања, Еден […]