На 39-годишна возраст, вчера од срцев удар почина Марија Талеска Мурговска.
Таа е ќерка на познатиот актер и поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талевски, кој во моментов издржува казна во прилепскиот затвор за случајот „Транспортер“.
Битолчани се во неверување и шок по смртта на Марија.
Пејачот и водач на битолскиот панк-рок состав „Паркети“, Сашо Паркет, со колаж од неколку фотографии се прости од неа.
Според сликите што ги објави се гледа дека биле блиски другари, а популарниот музичар не ја пропуштил приликата да се фати за микрофон и на нејзината свадба.