fbpx

Огромна тага! Почина познатиот пејач, естрадата загуби прекрасен човек

Брус Гутро, пејачот на шкотскиот бенд Runrig, почина на 62-годишна возраст.

Веста за смртта на музичарот по потекло од Канада ја објави поранешниот член на групата, Пет Вишарт.

„Тој беше најљубезниот човек што некогаш сте можеле да го сретнете и со нетрпение го очекував секој негов настап. Прерано замина извонреден пејач, музичар и текстописец. Ќе ни недостига“, напиша Вишарт.

Гутро му се приклучи на шкотскиот рок-состав во 1998 година и беше дел од истиот се’ до крајот на 2018 година.

Тој пред два месеци објави дека се бори со тешка болест. Позади себе ја остави сопругата Ким.

„Брус отсекогаш ја одржуваше и својата соло-кариера. Со златни и платинести плочи, многу награди во различни музички жанрови, улоги во рок-опери и своја ТВ-серија, уживаше во разновидна и исполнета кариера“, напишаа на официјалниот сајт на групата.

Во една прилика кога го прашаа кој му е омилениот дел да биде забавувач, тој одговори: „Дајте ми гитара, стол и неколку стотици луѓе кои сакаат да ги слушаат моите песни и јас сум среќен човек“.

Следни Објави

Нека стои овде мојот ангел, да се види убавината која ја убивте: Мајка со потресно сведоштво

Жаклина Стефанова се обрати до нашата редакција и не’ замоли да ја објавиме нејзината страна од приказната, откако пред 14 месеци ја загуби својата 23-годишна ќерка Михаела После 14 месеци откако ни замина, собирам сила да напишам за нашето патешествие низ хематологија и голготата која таму ја помина моето девојче […]