Фолк-ѕвездата Сања Малетиќ стана мајка на 52 години. Пејачката роди здраво девојче, информираат српските медиуми.
Истакнатата естрадна уметница конечно ја доби долгогодишната борба за потомство, а за која отворено зборуваше во медиумите.
Приновата е вистинска круна на љубовта меѓу Сања и нејзиниот сопруг со кој е во брак повеќе од една деценија, пишува „Курир“.
Ќерката доби име со посебно значење. Вања потекнува од рускиот јазик и има длабоко значење „она што е испратена од Бога“, „жена која е Божја сила и благодат“ како и „таа што е почитувана и сакана“.
Сања имаше неколку неуспешни ин витра пред да се реализира како мајка.
„Се’ додека дишам и Бога е со мене нема да се откажам“, често изјавуваше таа.