Се сеќавате ли на бугарскиот пејач Азис кој во 90-те години на минатиот век, но и подоцна беше вистински хит во регионот?
Доаѓаше и кај нас, а неговите песни често се пееја во македонските кафеани.
Поради карактеристичниот изглед, но и поради поигрувањето со сексуалноста секогаш беше топ-тема во медиумите.
Контроверзен и подготвен да предизвикува, беше вистинска мета за папараците кои го следеа на секој чекор.
Пред извесно време, Азис ја фрли женската облека и почна да се облекува како „обичен маж“.
Повеќе нема ниту руса, ниту црвена коса.
Иако продолжи да се занимава со музика, многумина денес не би го препознале.