fbpx

Ламбе се појави на суд со уникатна маица и кажа нешто неочекувано: Молк!

Ламбе Алабаковски денеска се појави Основниот суд во Битола како сведок на Обвинителството во судењето против претседателот на бугарскиот клуб од Битола, Љупчо Ѓоргиевски.

Македонскиот пејач симболично се појави во маица со македонското знаме и на јавноста ѝ откри нешто неочекувано.

Алабаковски призна дека добива смртни закани во пораки на социјалните мрежи од профили на бугарски граѓани, но и од Македонци кои се декларираат како Бугари, откако го опожари клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски.

Тој во судот изјави и дека смета оти во срцето на Македонија, поточно во Битола, де факто и де јуре, не смее да има клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов.

Следното рочиште е закажано за декември, кога треба да се сослушаат и други сведоци на обвинителството и на одбраната.

Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од централен регистар со одлука на министерот за правда, затоа што ги повредува националните чувства на Македонците поради неговата соработка со фашистичкиот окупатор, а обвинителство во мај поднесе обвинение за претседателот на клубот Љупчо Георгиевски, јави „Телма“.

Следни Објави

Цел свет ова го чекаше! Славната петорка го од „Пријатели“ го прекина молкот: Потресно!

Веста за смртта на актерот Метју Пери, легендарниот Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“, го растажи речиси цел свет. Сите ја очекуваа реакцијата на неговите колеги од серијата кои досега не се огласуваа се’ досега, кога заедно проговорија за трагичната загуба која целосно ги скрши. Два дена по ненадејната смрт на […]