Принцот Чарлс денеска му оддаде почит на татка си, принцот Филип, кој, како што рече, посветено ѝ служел на кралицата Елизабета, но и на кралското семејство, на Велика Британија и на Комонвелтот.
Нивната љубов влезе во историја: Овие зборови на принцот Филип покажуваат и зошто
„Мојот драг татко беше посебна личност и пред се’ би се зачудил на реакциите и на чувствителните работи кои се за него искажани и од тој аспект како семејство длабоко сме благодарни“, рече Чарлс носејќи црна вратоврска во знак на жалост.
Погребот на војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора е закажан за следната сабота. Ќе биде емитуван на телевизија, а на граѓаните нема да им биде дозволено да присуствуваат.
Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета
Поради пандемијата церемонијата ќе се одржи во најтесниот круг на семејството. Од Америка ќе допатува и принцот Хари, додека неговата сопруга Меган Маркл ќе остане дома поради бременоста.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО