fbpx

Кралот Чарлс е тешко болен: Се огласи палатата и откри страшни вести

Тоа што се случи е страшно

На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради зголемена простата, соопшти денеска Бакингемската палата.

Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на канцер се работи.

Се додава дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.

„Кралот Чарлс одлучи да соопшти дека му е дијагностициран рак за да избегне шпекулации и со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето ширум светот кои имаат рак“, се вели во соопштението.

Принцот Хари најави дека итно ќе отпатува за Велика Британија.

Војводата од Сасекс разговарал со кралот за првичната дијагноза и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови, изјави извор близок до Хари.

Следни Објави

Парите легнаа! Овие македонски граѓани денеска беа пријатно изненадени

Министерството за образование и наука информира дека сите ученички и студентски стипендии на постојните корисници за учебната, односно академска 2023-2024 година се исплатени заклучно со месец јануари. За новите корисници, пак, исплатата ќе се реализира во текот на неделата. Младите треба да се спокојни, сите средства кои им следуваат ќе […]