fbpx

Хорор на меден месец: Заминаа на Мајорка, сопругот почина на лице место, таа два месеца се бореше за живот

Учителка по јога од Единбург почина по два месеци откако умре нејзиниот сопруг од истекување на гас за време на нивниот меден месец.

Мери Сомервил (39) беше пронајдена во бессознание до сопругот Џејми Карси (40) во семејната викендица на Мајорка на шести мај. Мажот беше пренесен во болница во тешка состојба и лекарите не успеаја да го спасат. Неколку дена подоцна, неговата сопруга Мери беше префрлена во болница во Единбург каде за жал почина на втори јули.

Тазе брачната двојка по венчавката отпатувала на Мајорка и отседнала во одморалиштето Кала Мескида. Било предоцна кога се открило дека фрижидерот во станот е скршен поради што дошло до истекување на плин. Тоа резултирало со емисија на јаглерод моноксид што на крајот предизвикал смрт кај двајцата сопружници.

„Госпоѓа Сомервил почина мирно, осум недели по трагичната несреќа во Мајорка“, соопштија од нејзиното семејство.

Локалниот весник „Ултима Хора“ претходно објави дека младенците се венчале две недели пред трагедијата. Кобниот ден требало да заминат на излет со брод, а алармот се вклучил кога не се појавиле.

    Најблиските ја опишуваат поранешната банкарска работничка и учителка по јога и медитација како „посебна душа“ која била инспирација за многумина. Таа исто така била талентирана харфистка која често свирела на настани организирани од Меѓуверското здружение на Единбург.

    Керси бил аналитичар за шкотска компанија за управување со инвестиции. Тој е роден во Шпанија, но како дете се преселил во Велика Британија.

    Следни Објави

    Безобразна жена ја крена на нозе јавноста: Мој е летниковецот, си го резервирав! (ВИДЕО)

    Вистинска непријатност денеска доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет. Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат. Со висок тон им дава на знаење […]