fbpx

Шокантни откритија за Чарлс: Тој е манипулатор, еве како ќе владее!

Велика Британија викендов слави историски настан, крунисувањето на кралот Чарлс Трети со верска церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава со концерт во замокот Виндзор на кој ќе настапат планетарно популарни музички ѕвезди.

На свои 73 години, принцот Чарлс конечно застана на чело на британската монархија. По смртта на Елизабета Втора, нејзиниот најстар син, некогашниот принц од Велс, стана крал Чарлс Трети.

Астролозите веќе му направија натална карта и открија како ќе изгледа неговото владеење.

Во хороскоп е Шкорпија, што е еден од најдобрите знакови за лидерите, покажа историјата. Шкорпиите се издржливи и не се плашат да се соочат со проблемите. Напротив, колку пред нив имаат посериозни предизвици, толку се поупорни и инсистираат да понудат решение. Претставниците на опвој хороскопски знак се најенергични, но и познати по тоа што тешко прифаќаат туѓи сугестии.

Новиот крал ќе знае да сослуша, но нема да отстапува од своето. Ако некој го изневери, никогаш нема да добие втора шанса. Затоа, од новиот монарх може да се очекува исклучително цврст и стабилен политички курс.

Уште една карактеристика својствена за Шкорпиите е манипулативноста. Светската елита очекува новиот крал да биде токму таков, секогаш да ги насочува работите во своја корист. Политичките лидери може да очекуваат амбициозен и навистина активен монарх, но и идеалист.

Она од што астролозите најмногу се плашат е движењето на кралот Чарлс од екстремна активност до комплетна апатија, во зависност од неговите моментални делувања и приоритети.

Уште една негова слаба точка која ја детектираат тие се непристојните, грубите и контрадикторните изјави, како на пример кога наводно инсистирал Меган Маркл никако да ја посети кралицата Елизабета на смртна постела.

Следни Објави

Денес е Ѓурѓовден и една работа никако не смеете да ја правите: Ако ви се случи, вака ќе се искупите

Ѓурѓовден е празник врзан за најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодноста на стоката и добрите посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња и капење во река. Венецот […]