Згасна уште еден млад живот, информира Кичевскиот огранок на Социјалдемократската Младина на Македонија.
Тажната вест ја споделија на нивниот профил на „Фејсбук“.
„Со огромна тага и неверување ја примивме веста дека нашиот драг другар и сопартиец Даниел, не е веќе меѓу нас. Премногу рано, загубивме другар за пример, човек со големо срце и шарм. Ние сме ти бескрајно благодарни на твојот несебичен придонес. На семејството Ангелески му изразуваме длабоко и најискрено сочувство. Нека те чуваат ангелите. Почивај во мир и вечна ти слава“, напишаа од ЛК СДММ Кичево.
Нека почива во мир!