fbpx

Колегите се простија од Борче, тажен ден во Македонија

Тажна вест сподели Националната пливачка федерација.

Почина Борче Цоковиќ-Цоко. Нивната објава ви ја пренесуваме во целост.

Со огромна тага ја примивме жалната вест за ненадејното заминување во вечноста на нашиот спортски работник Борче Цоковиќ-Цоко.

Добро познатиот Цоко беше омилен спикер и аниматор на низа генерации пливачи низ безброј државни и меѓународни натпревари, а неговиот ведар дух и позитивен охрабрувачки карактер беше мотивирачки фактор дури и при многу од нашите највисоки пливачки достигнувања.

Во овие тешки моменти на тага и болка за семејството и најблиските изразуваме длабоко сочувство.

Нека му е светол вечниот пат и нека почива во мир. 

Следни Објави

Македонија тагува: Трагедија во семејството Ристовски

Семејна трагедија Тажна вест споделија македонските фудбалери Стефан и Милан Ристовски. Познатите браќа ја информираа јавноста дека починала нивната мајка. И двајцата споделија фотографии со трогателни посвети. Поранешниот капитен на нашиот национален тим, Стефан Ристовски, сочувство за загубата доби и од ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, со кого играше […]