Директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор во Русија, Ана Попова, порча дека секое дезинфекциско средство во одредена концентрација е погубно за коронавирусот.
– Без оглед со што бришеме, најважно е да се користи дезинфектант – изјави таа.
Претходно, научниците од „Вектор“ потврдиле дека вирусот е одржлив на различни површини како стакло, керамика и пластика и подолго од 48 часа и дека неговата способност може да послужи како извор на зараза. Затоа, правилното третирање на површината со дезинфекциско средство овоможува истата да се исчисти од вирусните честички за само неколку минути.
Научниците испитале неколку различни дезинфектанти: хлорни соединенија, алкохол, средства на база на кватерни амониумски соединенија и терцијарни амини. Резултатите покажале дека сите агенси брзо и ефикасно го убиваат вирусот.