fbpx

Баба Татјана има 92 години и јасна порака: Среќата е само во ова!

До осум наутро веќе беше облечена, дискретно нашминкана и уредно исчешлана. Татјана, 92-годишна старица, подготвено чекаше да ја примат во старечки дом.

Мажот неодамна ѝ почина, па сега нема друг избор. И покрај долгото седење од неколку саати, таа трпеливо чекаше да ѝ соопштат дека собата ѝ е наместена.

На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објасни дека станува збор за мала соба со завеси кои личат на прозорци, а таа само кимна со главата одговарајќи дека сигурно ќе ѝ се допаднат.

Сестрата уплашена од нејзината претерана реакција и можното разочарување подоцна, ѝ порача да почека прво да ги види.

„Не е важно. Среќа е тоа што однапред ќе го одлучите. Како мојата нова соба изгледа не зависи од распоредот и од изборот на мебелот, туку од начинот на кој мојот мозок функционира. Таа одлука ја носам секое утро штом се разбудам. Имам избор – да го поминам целиот ден во кревет размислувајќи за своите болести или да почувствувам радост и благодарност. Секој ден го доживувам како подарок и се’ додека сум жива ќе мислам само на убавите спомени“, ѝ одговорила оваа бабичка.

Татјана ѝ откри и кои кои се најважните правила на среќните луѓе. Да се исчисти срцето од злоба, да се исчисти мозокот од грижи, да се живее што е можно поедноставно, да се дава што е можно повеќе и да не се очекува премногу.

Насловна фотографија: Бакин кувар

Следни Објави

Три знаци есенва ги очекува огромна среќа: Проветете дали сте меѓу нив

Радикални промени и нови искуства кои ќе им го збогатат животот, среќа и успех на бројни полиња од животот.. Сето ова астролозите им го предвидуваат за оваа есен на припадниците на три хороскопски знаци, проверете дали сте на списокот. Скорпија Скорпиите веројатно не се свесни колку ѕвездите им се поволни […]