Познатата водителка Живкица Каленикова е доста активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од нејзините деца.
„Што? Уште е лето? Хо, Хо“, напиша таа под оваа фотографија со ќеркичката Ана која, според многумина, е нејзина копија.
Авторката на ТВ-магазинот „Тунел“ е мајка на три деца, а со бизнисменот Зоран Калеников ги имаат и синовите Даријан и Марко.
„Кај сите тројца препознавам по нешто свое, по нешто од тато. Но, посебно се радувам на нивните особености, она што ги прави посебни, и тоа секој на свој начин“, изјави Каленикова во едно интервју.
Авторски текст не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.