fbpx

Која е жената поради која се разделија Џеj Ло и Родригез?

Фановите се’ уште се во шок по веста за ненадејното раскинување на веридбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез.

Странските медиуми пишуваат дека причината за нивното разидување е 31-годишната Медисон Лекрој, старлета и ѕвезда од реалното шоу Southern Charma.

Медисон претходно им призна на новинарите дека имала прилика да разговара со Родригез, но дека нивниот однос бил платонски. Тоа се случило по емитувањето на новите епизоди од шоуто во кои е обвинета дека спиела со мистериозен поранешен играч на бејзбол.

Исхраната на Џенифер Лопез: Од ова се прости засекогаш!

„Се обидов да бидам тивка. Не му посакувам ништо лошо, ниту пак на неговото семејство. Дефинитивно сме невини. Никогаш не сме се сретнале, не сме имале физички контакт. Алекс никогаш не ја изневерувал Џенифер со мене, не физички“, изјави тогаш Лекрој за „Пејџ сикс“.

Џеј Ло и Родригез планираа голема венчавка која двапати ја пролонгираа поради коронавирусот. Сепак, близок извор од Мајами вели дека нивната романса веќе некое време била на стаклени нозе и дека пандемијата им била само изговор.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ново шокантно откритие: Вака Беливук ги мамел инспекторите

Во рамките на истрагата против Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, откриено е дека пред неполни три години тој му купил стан на инспектор од Управата за криминалистичка полиција, пишува српски „Информер“. Полицијата се крсти во неа: Која е сопругата на Веља Невоља? Како што тие дознаваат од извор близок […]