fbpx

Естрадата во грч: Нови сознанија за масовниот убиец од Младеновац

По вчерашното упокојување на П.М., бројот на жртви во масовното пукање на четврти мај во Србија се искачи на девет.

Главниот осомничен, 21-годишниот Урош Блажиќ, се’ уште е во притвор, а регионалните медиуми не престануваат да копаат по неговото бурно минато.

Урош очигледно сакал да биде во друштво на познати личности. Пред да го направи злосторството, на социјалните мрежи се претставувал како „жесток фраер“, а како што можевме и да се увериме во едно видео кое беше објавено на „твитер“ идол му бил поранешниот докажан криминалец Кристијан Голубовиќ., сега ѕвезда од реални шоуа. Најдобар пријател му бил Никола Ѓорѓевиќ, уште една ѕвезда од српското реално шоу „Задруга“.

Пред некое време се пофалил дека е во врска со словенечката старлета Дениз Дејм.

Се појавија и фотографии на кои се гледа дека тој навистина е во друштво на девојката позната по своето недолично однесување. Сликите се од забава на која се присутни осомничениот убиец Урош, Дениз Дејм и Филип Цар.

Но, како што пишуваат српските медиуми, Дениз не била единствената старлета со која разменувал нежности. Софија Уна Маниќ ја поминала целата вечер со Урош во еден ноќен клуб, непосредно пред крвавиот поход.

Блажиќ бил познат по недоличното однесување и во родниот крај.

„Тој е ненормален, како и неговото семејство. Знам дека еднаш беше уапсен за муниција. Сакаше сплавови, идол му беше Кристијан Голубовиќ. Возеше мотор, ќе влезеше во селото со 200 километри на час. Само така го гледавме“, открија мештаните кои го познавале.

Следни Објави

Радувај се Македонијо! Нашата Славица победи во „Ѕвездите на Гранд“

Македонката Славица Ангелова победи во вечерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“. Младата струмичанка доби повеќе гласови од босанскиот фаворит Драган Ѓуриќ и заслужено триумфираше во најгледаното регионално ТВ-шоу. Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот кој заслужено заминува во нејзини раце. Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека […]