Не стивнуваат реакциите во јавноста откако повеќе српски медиуми објавија дека познати пејачи, актери и спортисти биле на платен список кај Вељко Беливук, многу попознат како Веља Невоља.
На линија со уапсениот водач на криминалната група биле и политичари од власта, но и од опозицијата, вели Светозар Света Вујачиќ, советникот на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.
Невоља досега го поврзаа со старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон, но во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои ќе компромитираат и други познати личности. Меѓу нив се и близок соработник на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста и пејачката Ана Николиќ, како и еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.
Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља
Веља Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.