fbpx

Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља

По приведувањето на старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон, вистинска паника владее во естрадните кругови по апсењето на Вељко Невоља.

Во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат и други познати личности.

Прва на удар беше популарната српска пејачка Ана Николиќ која наводно била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Вељко Беливук.

Атрактивната поп-ѕвезда ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Невоља.

Полицијата се крсти во неа: Која е сопругата на Веља Невоља?

Полицијата наводно дошла до нови докази против него, токму по сослушувањето на Тијана Ајфон и Мими Оро. Се шпекулира дека кај една од нив се пронајдени експлицитни фотографии од жртвите.

Овие две девојки кои често ги има во медиумите наводно не се единствените од естрадата кои биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба.

Уапсениот Вељко го поврзуваа и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој неодамна излезе од притвор, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сè беше договорено: Александар скандалозно си замина од „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот натпреварувач Александар Темелков демонстративно го напушти подиумот во „Ѕвездите на Гранд“ откако не доби ниту еден глас од жирито. Младиот велешанец кој одби да ги сослуша сите членови на жирито, подоцна се огласи на својот профил на „Инстаграм“ и порача дека во популарното регионално шоу сè е наместено. „Знаев […]