fbpx

Раскинале, ама судбината пак ги спои: Љубовната приказна на Љупчо и Андријана

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, има интересна љубовна приказна.

Со сопругата Андријана Јакимовска неколку години биле во врска, пред да се разделат кога таа заминала да живее во Словенија.

По неколку години, патиштата сосема случајно повторно им се вкрстиле на први јануари 2019 година и тогаш сфатиле дека дефинитивно се еден за друг.

Се венчаа во октомври истата година во манaстирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка од кадешто и двајцата потекнуваат.

Неколку месеци претходно Николовски ја запроси својата сакана во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, кратко откако се повлече од министерското место во секторот земјоделие.

Голема свадба направија само неколку дена пред Светската Здравствена Организација да прогласи пандемија на новиот коронавирус.

По свадбата, медиумите повторно пишуваа за нив во мај минатата година, кога заеднички донираа апарат за мерење концентрација на кислород на Детската клиника.

Ј.П.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија загуби голем човек: Збогум д-р Александар Шиколе

По кратко и тешко боледување почина д-р Александар Шиколе, професор на Медицинскиот факултет и поранешен директор на Клиниката за нефрологија. Роднини, пријатели и колеги со емотивни посвети се простуваат од него на социјалните мрежи. „Почивај во мир, почитуван професоре. Ќе те паметам како почитуван доктор, секогаш гостопримлив и темелен, достапен […]