fbpx

Баба Марија (89) првпат замина на море: Ќерките ја израдуваа, еве зошто чекала досега

Дека во животот никогаш не е доцна за нешто што силно сте си го посакувале, доказ е и 89-годишната баба Марија која конечно одлучи да си го оствари сонот-да замине на море!

Марија Пољак (89) од Света Марија во Хрватска напорно работела и цел живот се грижела за семејството. Одгледала две ќерки и син, па денес е горда баба на шест внуци и прабаба на седум правнуци. Животот го поминала плетејќи торби и работејќи на поле и никогаш немала можност да замине на летување.. Се’ досега!

Оваа прекрасна жена на почетокот на август конечно решила да се впушти во една долго посакувана возбудлива авантура.

Марија, која поради здравствени причини денес живее со ќерката Славица, си го остварила сонот на инсистирање на нејзината внука и двете ќерки Славица и Нада. Женско друштво осум дена поминале на островот Вир, а за целиот „аранжман“ бил задолжен сопругот на Нада, како што таа милува да си го вика „зет како мед“.

„Две недели пред да замине на море, Марија беше толку возбудена што не можеше да заспие. Беше загрижена како ќе биде, малку ја фати паника, размислуваше дали да оди или не. Но, кога се појави на плажа, убаво ѝ падна на душичката. Не можевме да ја извадиме од вода“, раскажува нејзината ќерка Славица.

Баба Марија објаснила дека животните околности биле такви што иако мечтаела, не ни помислувала да замине на море.

„Кога бев млада немав можност. Тоа беа различни времиња. Луѓето работеа многу и се занимаваа со земјоделство, немаше автомобили.. Подоцна останав вдовица и не ни помислував да заминам на летување“, вели Марија.

Патувањето ѝ било малку заморно, но сонцето и морето ја воодушевиле и позитивно влијаеле на неа.

„Воодушевена сум! Тоа е поинаква клима, лековита вода, прекрасни плажи.. Би сакала повторно да одам таму и се каам што не се осмелив порано за една ваква авантура. Им препорачувам на сите постари жени, доколку се во можност, да заминат на море и да уживаат“, завршува таа.

Следни Објави

Ѝ го блокираа тркалото, но таа даде гас: Не можеше да се помири (ВИДЕО)

Луда жена! Наместо да си плати казна, ризикуваше и направи далеку поголема штета На социјалните мрежи секојдневно гледаме однесувања на поединци кои се граничат со здравиот разум. И додека некои се подготвени дури и да си го ризикуваат животот за кликови и за лајкови, други едноставно не се ни свесни […]