fbpx

Чудни се патиштата господови: Џорлев почина пред три години, еве која е неговата сопруга

Македонскиот виртуоз на виолина, маестро Зоран Џорлев, пред точни три години почина од Ковид-19, а позади себе остави дела кои никогаш нема да ги заборавиме.

Сепак, негов најголем животен успех се сопругата и децата.

Легендарниот музичар и професор има интересна љубовна приказна. Во интервјуата со задоволство зборуваше за сопругата Офелија, инаку дипломиран правник, со која има два сина, Наско и Мартин кои исто така ја одбраа музиката како нивна професионална определба.

Офелија ја запознал на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта.

– Имаше многу гости во кафеаната, но мојот поглед падна таму каде што требаше. Во животот нема ништо случајно. Целиот живот бегав од Струмица, градот во кој сум роден и мислев дека нема да земам жена оттаму. Но, патиштата господови се чудни, иако не се случајни – изјави Џорлев во едно интервју.

Во 2018 година Џорлеви прославија 25 години брак. Тогаш маестро Џорлев на „Фејсбук“ напиша дека Офелија го освоила со едноставноста, чесноста, борбеноста и работливоста.

Следни Објави

Македонија тагува: Утрово почина истакнатиот новинар, аналитичар и поранешен амбасадор

Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор и добитник на државната награда „11 Октомври“. Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството. Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник. По осамостојувањето […]