fbpx

Еве што му направи страшната болест: Конечно се појави во јавност, погледнете како сега изгледа

Важеше за еден од највпечатливите мажи на југословенската сцена, а како заводник се прослави и во легендарната југословенска серија „Подобар живот“.

Аљоша Вучковиќ или доктор Иво како што најмногу го памти и македонската публика, денес има 76 години.

Поради тешка болест со години не глуми, но за конкретната дијагноза одбива да открива детали.

„И да сакам не можам да работам. Болен сум и не се чувствувам добро. Тоа е една од причините што ме нема пред камерите“, изјави актерот во едно интервју.

Вучковиќ со децении е во хармоничен брак со Едита и има две ќерки, Леана и Сара.

Леана, која се запиша на Факултетот за Драмски уметности и одлучи да тргне по неговите стапки, со години се бореше со зависности од тешки наркотици, а актерот даваше се’ од себе да ја извади од пеколот, но и таа тешка семејна приказна да не добие големо внимание во медиумите.

„Мојата ќерка не заврши во затвор, туку на лекување од затворен тип. Мислам дека сите луѓе треба да си гледаат во сопствениот двор и да ги остават блиските сами да ги решаваат проблемите онака како што најдобро умеат“, изјави Вучковиќ за магазинот „Стори“.

Следни Објави

Скандалозни работни листови за македонските ученици: Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто толку ментални нарушувања?

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини. Читајте ги прашањава, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници. • Доколку не сте имале сексуален […]