fbpx

Каде оди овој свет: Трогателна посвета по смртта на ѕвездата на „Гранд“

Не стивнуваат реакциите по смртта на Момир Луковац (24), младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ кој пред два дена се застрела со пиштол.

Шок: Познати деталите за самоубиството на ѕвездата на „Гранд“

По трагичниот настан се огласи и музичарот Рајо Симоновиќ кој со трогателна порака го сврте вниманието на јавноста.

„Имаше една песна, да се наежиш кога ќе ја слушнеш. Имаше уште една песна, исто така.. Имаше неколку такви песни кои ги интерпретираше еден питом, пријатен и милозвучен глас. А, таков глас можеше да излезе само од една душа, добра, искрена, весела.. Беше момче кое сето тоа го поседуваше. Беше музичар и пејач, пред се’ човек, добар човек и добра душа, а толку млад, позитивен и искрен, толку голем! Не се дружевме премногу, но имав можност да го запознам неговото семејство и сите ми оставија посебен впечаток. Соработувавме, за свирки, за концерти.. Секогаш знаеше да ме насмее и да се насмевне. Сега дојде момент да се запрашам каде оди овој свет, времето, луѓето.. Неколку минути не можев да се поместам, не умеев да проговорам, да мислам, со очи полни со солзи поради него кој повеќе не е со нас“, напиша Симоновиќ.

Луковац се натпреваруваше во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а последен пат на сцената од популарното регионално шоу настапи пред два месеца.

Му предвидуваа блескава кариера, а ОВДЕ прочитајте како се простија од него Мили и Јелена Карлеуша.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Пресврт во случајот со силувања: Еве како ќе се брани Мика Алексиќ

Познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ, деновиве ќе има можност првпат да проговори за кривичните дела за кои е обвинет. Седум месеци ме силуваше секој вторник: Најстрашна исповед за Алексиќ Судот и официјално поднесе обвинение против Алексиќ кој е осомничен за сексуално злоставување на седум […]