fbpx

Почина девојче: Потегот на мајката ги разгневи сите

Девојче почина од тешки изгореници откако успеало да се дофати до тенџере со зовриена вода.

Мало невнимание резултирало со трагичен исход, особено откако мајката која инаку студира медицина, детето го однела кај надрилекар наместо во болница.

Дарина и Иван Горов од Украина веќе се под истрага за смртта на малата Леса откако обвинителството дознало дека таа била однесена кај вистински доктор од страна на баба ѝ дури пет ден по несреќата.

Лекарите не успеале да ја спасат и десет дена подоцна им подлегнала на повредите.

Леса имала сериозни изгореници на стомакот и на грбот, откако влегла во тенџере со врела вода во кое мајка ѝ готвела пилешко.

Ако бидат прогласени за виновни, на родителите на починатото дете им се заканува казна затвор од седум до 15 години.

„Старинските лекови кои на своја рака ѝ биле дадени на Леса воопшто не ѝ помогнале во заздравувањето, а Дарина како иден лекар тоа требало да го знае“, соопшти полицијата.

Фото: Chernihiv Region Police

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Починала до татка си: Во масакрот во Плимут убиена и малата Софи

Полицијата ги откри имињата на сите жртви од најстрашниот масакр во Велика Британија во последните 11 години. Меѓу шестте убиени е и тригодишната Софи Мартин и нејзиниот татко Ли Мартин, потврдија властите на англискиот крајбрежен град. Застрелани се и 59-годишниот Стефан Вашингтон и 66-годишната Кејт Шеферд која подоцна починала во […]