fbpx

Починала до татка си: Во масакрот во Плимут убиена и малата Софи

Полицијата ги откри имињата на сите жртви од најстрашниот масакр во Велика Британија во последните 11 години.

Меѓу шестте убиени е и тригодишната Софи Мартин и нејзиниот татко Ли Мартин, потврдија властите на англискиот крајбрежен град.

Застрелани се и 59-годишниот Стефан Вашингтон и 66-годишната Кејт Шеферд која подоцна починала во болница, пренесува порталот „Метро“.

Откриено е дека Џејк Дејвисон (23) кој по масакрот се самоубил, претходно ја застрелал и неговата мајка.

Медиумите пишуваат дека Дејвисон имал канал на „јутјуб“ и дека постирал видеа на кои зборува колку е поразен во животот и дека е „е*ена дебела грда девица“ која нема среќа со жените.

Британскиот премиер Борис Џонсон нагласи дека органите треба детално да истражат како Џејк кој се обучувал да биде управувач на кран, легално го поседувал пиштолот.

Фото: Фејсбук/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почивај во мир, драг ангелу: Солзи по младата сестра од Кичево

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се прости од својата 28-годишна колешка од Кичево која почина од компликации на Ковид-19. Станува збор за дипломираната медицинска сестра Мирлинда Азизи. По заразувањето на работното место таа не успеа да го дочека признавањето на високата школа, стои на официјалната страница […]