fbpx

„Купивме креветче за Елена, мислевме дека ќе го дочекаме своето прво дете“: Болна исповед, еве што се случило

Смртта на едно новороденче предизвика огорченост и тага во целиот регион.

Според изјавите на родителите Даниел Николов и Марица Михајловиќ, нивното девојче Елена починало по болното породување во Општата болница во Сремска Митровица.

Тагата во медиумите ја изрази Даниел Николов, таткото на починатото девојче.

„Мислев дека се’ ќе биде во ред, дека ќе го дочекам првото дете, дека ќе го гледам како расте. Многу ми е тешко“, вели тој скршен од болка нагласувајќи дека не очекувал трагичен исход.

Свое сведочење за настанот даде и Марица, мајката на починатото бебе. Според неа, иако требало да се направи царски рез, породувањето почнало природно, но настанале сериозни компликации. Таа изгубила свест, а бебето се родило без пулс.

„Кога дојдов при себе, ги имаше премногу околу мене. Имаше седум, осум бабици и таму беше оној доктор. Околу десет и пол ме остави сама и отиде да пораѓа друга жена. Меѓутоа, кога виде дека не можам да се породам, се врати кај мене и ми даде анестезија. Ме пресече едноставно за да можат насилно да го извадат бебето. Бебето било над четири килограми, значи никако не можело да се роди по природен пат. Медицинските сестри го молеа да ме породи со царски рез, но тој не сакаше, не знам зошто. После тоа се обиделе да ја реанимираат. Ја вратија во живот. Нејзиното срце чукаше. Можеше да дише под машините. По полноќ ја однесоа во Нови Сад и следното утро ме известија дека бебето починало“, сведочи мајката.

Родителите ги чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознае точната причина за смртта на нивната ќерка.

Приведен е М.М.(45), лекар во Општата болница во Сремска Митровица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки кривични дела против здравјето на луѓето. МВР соопшти дека на М.М ќе му биде одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Министерката за здравство, Даница Грујичиќ, изрази загриженост за овој случај и најави темелна истрага. Од Општата болница во Сремска Митровица е добиено соопштение дека се врши внатрешен надзор, а за резултатите јавноста ќе биде информирана. Родителите планираат да поднесат тужба против болницата и лекарот.

Следни Објави

Конечно убава вест! Проверете ги сметките: Неочекуван прилив до 25 јануари

Убави вести, на овие луѓе ќе им „крцка“ паричникот Три знаци ќе ја подобрат својата финансиска благосостојба: РИБИ Ќе имаат можност да постигнат добри резултати на работа и да имплементираат нови идеи кои ќе бидат профитабилни. Астролозите им препорачуваат на луѓето родени во знакот Риби да инвестираат во недвижнини и […]