fbpx

Александра седум часа умирала на ГАК: Нови потресни детали за починатата родилка

Случајот со смртта на Александра Иванов (25) од Ботошан го потресе целиот регион. Мајка на три деца почина во 13-та недела од бременоста откако лекарите не ѝ направиле киретажа, иако срцето на бебето престанало да чука.

Александра отишла во болница поради силни болки и крварење, а и покрај континуираните молби, лекарите не направиле ништо. По седум часа голгота, Александра била префрлена во шок соба, со обилно крварење од носот и устата, каде и покрај реанимацијата, починала.

Овој случај ја крена Романија на нозе, а ГАК во Ботошан отпочна истрага за испитување на сите околности за овој трагичен инцидент.

Медиумите пренесуваат дека Александра била мајка на три деца од кои најстарото има пет, а најмалото само една година.

Таа заминала во болница минатиот четврток поради многу лоши стомачни болки и крварење. Било утврдено дека крвниот притисок и пулсот ѝ се високи, како и дека срцето на бебето престанало да чука. Лекарот кој ѝ ја водел бременоста не бил во болницата.

И покрај бројните пораки што му ги испратила, тој не ѝ одговорил, а на нејзините поплаки не реагирал ниту дежурниот лекар во болницата, кој решил да не прави киретажата, туку да го чека утрото.

Првите резултати од истрагата покажале дека на Александра во 00:45 ѝ дале седатив и уште еден лек, а никаков третман не добила до 7:35 часот кога доживеала шок.

Во петокот, на 18 август, нешто пред 08:00 часот, лекарите констатирале смрт на младата мајка.

Деталите за овој трагичен случај, како и содржината на пораките што Александра им ги испратила на лекарите, сопругот, мајката и пријателите, ја шокираа јавноста во Романија и пошироко, а нејзините сонародници сега бараат правда.

„Не можам да дишам“, се меѓу последните пораки што Александра им ги испратила на членовите на семејството, односно на нејзината мајка. Овие четири шокантни збора можеа да се видат на транспаренти и ги извикуваа луѓето кои протестираа за смртта на Александра во последните денови.

Гневот на граѓаните е очигледен на социјалните мрежи. Илјадници од нив објавуваат потресни статуси за смртта на Александра. Многумина ги заменија своите профилни фотографии со црна позадина на која пишува „Не можам да дишам“, а сите бараат оставка од одговорните за овој трагичен настан.

Следни Објави

Кога бирате маж, пазете мајка му да не е ОВА во хороскоп: Најлошите свекрви!

Секоја мајка го посакува најдоброто за своето дете, но има и такви кои едноставно не можат да се помират кога синчето ќе се ожени и кога наеднаш паѓаат во втор план. Листата со трите најлоши свекрви според хороскопските знаци изгледа вака! РАК Под нејзината мајчинска слика се крие една од […]