fbpx

Дете се пожалило на силна болка во стомакот: Кога го однеле в болница, лекарите се шокирале

Лекарите останале без зборови кога во цревата на четиригодишно момче пронашле нараквица со дури 18 магнетни топчиња.

Здравствените работници прво помислиле дека во прашање е слепото црево, откако детето се пожалило на силни болки во стомакот, но потоа вистината била откриена.

„Ер Те Ел“, повикувајќи се на германското медицинско списание Journal of Pediatric Surgeri Case Reports кој прв пишуваше за овој екстремен случај, информира дека детето било хоспитализирано откако два дена се жалел на силни болки во стомакот, постојано повраќање и запек.

Лекарите прво се посомневале дека се работи за акутно воспаление на слепото црево. Но, скенерот покажал дека во неговите црева се наоѓа нешто неочекувано.

На операцијата следувал нов шок. Се испоставило дека момчето голтнало 18 магнети кои инаку се носат нанижени на нараквица како терапија со магнентно поле за ублажување на болките кај артритис и синдром на карпален тунел.

Лекарите претпоставуваат дека детето ги голтал топчињата едно по едно. Потоа тие се споиле во цревата и формирале нараквица. Хирурзите веднаш извеле лапаротомија. Операцијата поминала добро и по шест дена детето е пуштено дома.

Следни Објави

Хороскоп: Само два знака ќе ја дочекаат Новата година со полни паричници

Астролозите предвидуваат финансиска стабилност за нив Само припадниците на два хороскопски знака ќе се збогатат во наредните денови. Бик Практични сте кога се парите во прашање, па вашиот труд конечно ќе даде резултати. Внимавајте на неочекуваните можности и не бегајте од стратешките инвестиции. Вашите постојани напори ќе придонесат за попросперитетен […]